Предностите од кафето
Многу студии за кафе откриле интересни податоци за љубителите на овој пијалок. Имено, истражување спроведено во Велика Британија покажа дека љубителите на кафе се поинтересни и дека дури и ја прават работната атмосфера порелаксирана. Многу често се добри тимски играчи и иницијатори на многу активности.
Дали заработуваат повеќе?
Истото истражување покажало дека работниците во Велика Британија, кои уживаат во пиењето кафе, заработуваат околу 2.000 фунти повеќе годишно во споредба со колегите кои пијат чај. Исто така, статистичките податоци покажуваат дека луѓето кои пијат кафе наутро имаат помала веројатност да доцнат на работа.
Дали кафето е здрава навика?
Кафето содржи високо ниво на антиоксиданти. Овој пијалок е дури и на прво место според богатството со антиоксиданти, проследено со чај, вино и какао. Благодарение на овие природни соединенија, организмот е заштитен од штетните ефекти на слободните радикали.