Што велите за добро изладена диња која се служи заедно со лубеница, бобинки, ананас? Или можеби претпочитате смути? Сочна, вкусна, диња треба да биде дел од нашето летно мени бидејќи ни помага да останеме хидрирани и свежи. Без разлика кој вид на диња ја преферирате, еве неколку добри причини зошто да ја јадете почесто во текот на летната сезона.
1.Го зајакнува имунолошкиот систем – Дињата е богата со витамини Ц и А, за кои е познато дека помагаат во зајакнувањето на имунитетот преку стимулирање на белите крвни зрнца во телото. Но, витаминот Ц е исто така моќен антиоксиданс и ефикасно се бори со слободните радикали во телото.
2.Добро е за здравјето на срцето – Друга придобивка од јадењето диња е тоа што е богата со калиум, за кој е докажано дека го контролира крвниот притисок, а со тоа го подобрува здравјето на вашето срце. Дињите се богати и со соединение наречено аденозин, кое е добро за срцето бидејќи има својства за разредување на крвта.
3.Се бори со стресот – Вкусната диња е богата со калиум, кој го нормализира срцевиот ритам и го поттикнува снабдувањето со кислород до мозокот, а со тоа ни помага да се чувствуваме помирни. Познато е дека дињата содржи и супероксид дисмутаза, антиоксиданс ензим кој се бори против стресот со намалување на крвниот притисок и релаксирање на нервите.
4.Добра за здравјето на очите – Дињата е богата со бета-каротин, кој кога се апсорбира од телото се претвора во витамин А, кој помага да се спречи катаракта и да се подобри видот.
5.Добро е за белите дробови – Се верува дека редовното консумирање диња помага да се врати телото од губењето на витаминот А во одреден временски период поради долгорочно пушење или изложување на пасивно пушење. Ова помага за „подмладување“ на белите дробови, сметаат западните научници.
6.Помага при слабеење – дињата помага при слабеење бидејќи е нискокалорична и богата со влакна и вода. Ова ја прави одлична замена за слатките и корисна храна за намалување на вишокот килограми.
7.Добра е за трудници – Дињата содржи фолна киселина, која често се препорачува за жени кои се обидуваат да забременат, како и за трудници. Освен тоа, консумацијата на диња придонесува за намалување на задржувањето на вишокот течности во организмот.
8.Ја намалува непријатноста од артритис – Знаеме дека начинот на кој се храниме влијае на нашето здравје. Дињата е едно од оние овошја за кои се верува дека помага во намалување на болката и непријатноста поврзана со артритис. Научниците веруваат дека ова се должи на нејзините антиинфламаторни својства, кои можат да го спречат оксидативниот стрес на зглобовите и коските, а со тоа го намалуваат воспалението.
9.Го подобрува варењето – Ова се должи на корисните влакна содржани во неа. Дињите се сметаат за едно од најкорисните плодови за запек. Се смета дека доброто варење го намалува ризикот од колоректален карцином.
10.За хидрирана и подмладена кожа – дињата е богата со витамини К и Е, кои играат голема улога во одржувањето на нашата кожа здрава и сјајна. Високата содржина на вода ја хидрира нашата кожа одвнатре. Дињата е исто така добар извор на витамини од групата Б, холин и бетаин, за кои е познато дека помагаат нашата кожа да се регенерира и подмладува.