4 СУПЕР ПРИДОБИВКИ ОД МОРСКАТА ВОДА

Грчкиот научник Хипократ, чија заклетва лекарите сè уште ја полагаат кога влегуваат во професијата, лекувал многу од неговите пациенти со капење во вода богата со минерали. Модерната наука ги потврди неговите наоди.

Постојат четири здравствени причини поради кои веднаш треба да отидете на плажа и да скокнете во морето.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Морската вода е полна со витамини, соли, амино киселини и микроорганизми кои делуваат како природни антибиотици и му помагаат на вашето тело да се бори против штетните бактерии.

Со вдишување на морскиот воздух во организмот ќе внесете негативно наелектризирани јони кои се важни и за заштита на организмот. Освен тоа, со пливање ќе ги проширите порите на кожата со што ќе го забрзате исфрлањето на токсините.

Додека пливате во морето, вашето тело започнува систем за самолекување, намалувајќи ги симптомите на болести како што се астма, артритис, бронхитис и воспаление.

Ја зголемува циркулацијата

Пливањето во голема мера придонесува за квалитетот на циркулацијата на крвта, а потоплата морска вода може ефикасно да ги замени минералите изгубени поради стресот, лошата исхрана и надворешното загадување.

Го балансира телото

Додека пливате во морето, вашето тело започнува систем за самолекување, намалувајќи ги симптомите на болести како што се астма, артритис, бронхитис и воспаление. Водата богата со магнезиум ги опушта мускулите и позитивно влијае на квалитетот на сонот, што придонесува за ментална стабилност и добро расположение.

Ја лекува кожата

Веќе споменатиот магнезиум во морската вода помага за хидратација и изглед на кожата. Ефикасно е и за намалување на црвенилото и грубите површини на кожата, па на луѓето кои патат од дерматолошки проблеми им се советува да поминуваат што повеќе време во море.