ДЕНЕС Е ПРАЗНИК ПОСВЕТЕН НА СВЕТИ ИЛИЈА

На 2 август православните верници го слават празникот посветен на Свети Илија.

Постои верување дека кога се родил свети Илија, неговиот татко го видел детето опкружено со ангели кои го завиткале во оган и го нахраниле со пламен, а тоа го симболизира огнениот карактер и моќта на овој светец.

Свети Илија ги поврзува старозаветното и новозаветното христијанство . Во Стариот завет тој се споменува како пророк кој го претскажал доаѓањето на Исус Христос, а во Новиот завет пишува дека тој бил еден од пророците кои му се поклониле на Господ Исус Христос на Преображението . Исто така, тој е присутен во визијата на Јован Богослов во која неговата улога е поврзана со иднината на христијанската црква и второто Христово доаѓање на земјата.

Според народното верување, свети Илија се вози во огнена кола што ја влечат четири коњи чии ноздри испуштаат пламен, а движењето на колата по небото и облаците создавале гром .



Овој светител се нарекува и свети Илија Громовник , а според старите обичаи , на овој празник не се врши физичка работа, односно работа на нива.

Има една стара поговорка „од свети Илија сонце грее“, бидејќи овој празник навестува минување на горештините и доаѓање на поубави сончеви денови.

Се верува дека свети Илија со гром ги уништува темните сили на земјата. Исто така, медот изваден од кошниците на Илинден служи како лек .