ОВОЈ ЗАЧИН Е ЛЕК ЗА 100 БОЛЕСТИ, ПОМАГА И ПРИ СЛАБЕЕЊЕ

Освен што е многу вкусно и еден од омилените зачини, ориганото има и широк спектар на придобивки кога е во прашање нашето здравје.

Медицински вести денес ги детализира придобивките од редовното консумирање на зачинот , кој најчесто се става на пица или се користи во сос за тестенини.

Неодамнешните истражувања покажуваат дека ориганото содржи големи количини на антиоксиданси, кои меѓу другото го штитат нашиот организам од разни болести.

Луѓето користеле оригано во античко време за лекување на многу болести, вклучувајќи рани на кожата, болки во мускулите, астма, варење и симптоми на настинка.

Ориганото има и други придобивки за нашето здравје кои ги вклучуваат следново:

  • има антиинфламаторно дејство;
  • го забрзува метаболизмот и промовира губење на тежината;

– го потиснува апетитот;

– го намалува ризикот од рак;

-го намалува крвниот притисок.

Нутриционистите нагласуваат и дека соединенијата во ориганото можат да помогнат во контролата на дијабетесот тип 2. Истражувањата на оваа тема покажуваат дека редовното консумирање на оригано може да ја подобри отпорноста на инсулин, како и да го регулира изразувањето на гените кои влијаат на метаболизмот на мастите и јаглехидратите. Може да влијае и на поправка на оштетеното ткиво на црниот дроб или бубрезите.