Деменцијата е една од водечките причини за смрт во светот, така што нејзиното откривање во рана фаза може да им помогне на луѓето и нивните семејства подобро да ја разберат дијагнозата и соодветно да го испланираат својот третман.
Научниците открија дека еден од првите симптоми може да се забележи додека се туширате.
Еден од најчудните знаци на деменција е губењето на сетилото за мирис. Значи, ако не можете да го мирисате вашиот шампон , гел за туширање или сапун додека се туширате, тоа може да биде знак дека сте во раните фази на деменција.
Губењето на меморијата не е нужно знак за деменција, но способноста за препознавање мириси се карактеризира како еден од првите знаци.
Оваа студија беше објавена од Универзитетот во Чикаго, а истражувањето беше базирано на анкета на 515 луѓе. Професорот Дејвид Страјн, предавач на Универзитетот во Ексетер, рече дека деменцијата всушност значи дека мозокот не работи како порано.
Покрај губењето на меморијата и мирисот, постојат и други симптоми кои укажуваат на оваа состојба, како што се: промени во расположението, отежнато извршување на секојдневните задачи, отежнато концентрирање, отежнато зборување и конфузија во времето и просторот. Бидејќи постојат различни видови на деменција, некои од овие симптоми може да не бидат веднаш забележливи.