Лимонот и ѓумбирот се познати по нивните многубројни придобивки за нашето тело. Конзумиран неколку пати неделно како дел од терапија за детоксикација, овој здрав напиток ќе ви помогне да изгубите тежина и да го стимулирате вашиот дигестивен систем.
Ѓумбирот делува како афродизијак, помага при мачнини, а исто така го стимулира имунолошкиот систем и го забрзува метаболизмот. Лимонот има слабеење и антиоксидантни својства.
Потребни состојки за вода со ѓумбир
6 чаши вода (1,5 литри)
5 лажици рендан ѓумбир (50 g)
свежо исцеден сок од 2 лимони
Подготовка:
Загрејте ја водата и кога ќе зоврие додадете го ѓумбирот. Оставете да врие минута или две и тргнете ја од оган. Оставете го да отстои 10 минути. Потоа процедете ја содржината, додадете го сокот од лимон и консумирајте.
За овој сок да го има посакуваниот ефект, најдобро е да го пиете секојдневно, на празен стомак. Најголемото количество земајте го наутро, остатокот најдобро се чува во термос. Бидејќи е целосно природен производ, резултатот се забележува по одредено време.