ДОДАДЕТЕ ЈА ОВАА СОСТОЈКА ВО ТЕСТОТО И ПЕЧИВАТА ЌЕ БИДЕ МЕКА 3 ДЕНА

Никој не сака да јаде бајати печива, па наместо да ги фрлате, сфатете што да додадете во тестото.

Додавањето скроб на тестото го прави финалниот производ посвеж и повкусен . Измешајте го со брашното, па просејте го во состојките за тестото. Една лажица скроб оди на четири чаши брашно. Секогаш додавајте го скробот измешан со брашното, бидејќи само така ќе го видите ефектот.

Потребни состојки за тестото:

1 кг брашно

1,5 лажици скроб

500 мл млако млеко

200 мл јогурт



2 јајца

2 лажички сол

1 лажичка шеќер

1 квасец

Начин на подготовка:

Во сад измешајте 200 мл млако свежо млеко, шеќер и квасец, убаво измешајте и оставете да се активира. Додадете го остатокот од млекото, јогуртот, јајцата, солта, а потоа просеаното брашно со скробот.

Се замесува мазно тесто кое се покрива со проѕирна фолија и се остава да нарасне.