НЕСОНИЦА: НЕ БРОЕТЕ ОВЦИ, ЈАДЕТЕ ГО ОВА ЗА ДА СПИЕТЕ

Мелатонин , хормонот одговорен за квалитетот на нашиот сон, се намалува со возраста, како и во состојба на стрес. Но, постојат начини како да се регулира без лекови, туку со храна.

Недостатокот на сон влијае не само на нашето расположение, туку и на нашето здравје. Несоницата може да доведе до хормонални проблеми, како и да го зголеми ризикот од отпорност на инсулин. Луѓето кои страдаат од проблеми со спиењето имаат потреба од дополнителен мелатонин во нивното тело.

Денеска ви претставуваме 5 намирници кои ќе ви дадат шок доза од овој хормон и ќе ви го вратат добриот сон:

Цреши

Откриено е дека сокот од цреша го подобрува квалитетот на сонот. Научниците велат дека брзо го зголемува нивото на мелатонин во организмот, но бидете свесни дека нивниот сок содржи многу шеќер и подобро е да ги јадете цели.

Јајца

Тие се најдобриот животински извор на мелатонин. Тие исто така содржат протеини, железо и многу други основни хранливи материи.



Млеко

Топлото млеко е традиционален „лек“ за несоница, но не само во бајките. Според научниците, тој е богат извор на мелатонин.

Риба

Тоа е подобар извор на мелатонин од месото. Најдобрите опции за вас се лососот и сардините, кои исто така ви ги обезбедуваат потребните омега-3 масните киселини.

Јаткасти плодови

Повеќето од нив се богати со мелатонин, а најдобри се ф’стаците и бадемите. Тие се и одличен извор на бројни антиоксиданси и минерали.