Скорпија
Скорпиите веројатно не се свесни колку ѕвездите им се поволни во наредниот период. Затоа, позитивни промени ќе почувствуваат само оние кои се способни да го контролираат своето его. Научете да ја слушате вашата околина и ставете се во кожата на другите. Кој го прави тоа на вистински начин, само ќе ги жнее плодовите на својот труд. Бидете вредни и присебни и трудот ќе ви се исплати.
Девица
Девицата е ѕвезда на есента. По бурното темпо на летото и периодот на грижа, Девицата конечно ќе се чувствува олеснето и опуштено. Бидејќи ова е и нивен период, нивната енергија ќе биде особено нагласена. Доколку во изминатиов период почувствуваа недостаток на енергија во деловниот свет, наесен многу ќе се сменат. Девиците ќе бидат полни со енергија и храбро ќе чекорат кон нови предизвици.
Јарец
Никој нема да се соочи со драматични промени како Јарецот. Може да очекувате промени пред се на деловен план, но можни се и емотивни конфликти. Она што се случува во моментов, многу претставници на знакот ќе го доживеат како драматично. Ќе се трудите максимално да ги скриете емоциите . Не биди толку тежок за себе. Наскоро ќе сфатите дека она што се случува во моментов е најдобро за вас.