Резултатите од студијата спроведена во Кина сигурно ќе ги израдуваат љубителите на пивото . Според истражувањата, пивото има фантастични состојки со одлични ефекти врз здравјето на луѓето. Велат дека пивото не само што го прави човекот посреќен, туку и поздрав.
Авторите на студијата пишуваат дека цревниот микробиом може да разгради некои состојки од пивото и на тој начин позитивно да влијае на имунолошкиот систем. Според нив, деградираните состојки имаат антивоспалително и антиоксидативно дејство, така што штетните метаболички производи ги неутрализираат.
Но, професорот Хелмут Сец, кој со децении ги проучувал ефектите на алкохолот врз човечкото тело, не се согласува со овие тврдења.
Деталното истражување на студијата брзо ќе го расипе расположението на љубителите на пиво.
„Се разбира, постојат одредени состојки во пивото кои имаат корисен ефект врз здравјето, на пример екстрактот од хмељ “.
Тој исто така истакнува дека оксидирачкото дејство на алкохолот е многу поголемо од потенцијалниот позитивен ефект на сите други состојки. Професорот објаснува дека овој оксидативен ефект често доведува до воспаление и го зголемува ризикот од болести – од дијабетес до рак.
„ Алкохолот предизвикува рак токму на дебелото црево. Се претвора во ацеталдехид во телото и има токсичен ефект “, предупредува проф. Хелмут Сец.
И не само тоа, според овој професор, пивото е поштетно за дигестивниот систем отколку виното .


