3 РАБОТИ ШТО ТРЕБА ДА ГИ ЗНАЕТЕ КОГА ЌЕ СЕ ЗАЉУБИТЕ

Љубовта не прашува. Таа доаѓа кога сака, и секоја нова средба со неа прави да се чувствуваме невообичаено. Ако имаше некој да ни каже што е нормално и со што да не брзаме, дали би постапиле поинаку? Постојат 3 работи што е добро да ги знаете кога ќе се заљубите во нов партнер.

Дозволено е да се возбудувате

Кога повторно ќе се вљубите, расеаноста ќе биде дел од вашата дневна рутина. Мислите за него / неа ќе ви поминуваат низ главата, ќе ви биде тешко да се концентрирате на важните работи и тоа е нормално и да ви се допаѓа.

Дозволено ви е да бидете среќни, замајани и радосни со новата љубов во вашиот живот. Ако сте биле повредени и разочарани во минатото, можно е да им одолеете на овие нови емоции. Немојте да се измачувате, туку прегрнете ги. Секоја емоција што ја доживувате е таму со причина.

Сосема е нормално да се грижите



Заедно со напливот на возбуда предизвикана од љубовните емоции, сосема е нормално да се почувствувате напнато. Отворањето кон новиот партнер е понекогаш тешко, особено по болното разделување. Се плашиме дека повторно ќе не разочараат, дека ќе ја злоупотребат нашата доверба. Ние сме скептични кон вистинитоста на зборовите на другиот. Сосема нормална реакција и неопходна во мали количини, за да не бидеме навистина во заблуда. Љубовта секогаш носи ризици, не постои начин да се предвиди што не чека.

Не дозволувајте да „заборавите“ на вашите омилени активности

Некои луѓе имаат тенденција да ги „напуштат“ своите пријатели, семејство, одговорности и интереси кога ќе започнат нова љубовна врска. Сакаат да го посветат целото свое време на љубовта, новиот партнер, но сепак треба да се остави малку време и за другите активности и луѓе во животот за да не дојде до апсолутно разочарување.

Во врската, компромисите мора да бидат од двете страни, мора да има прилагодување на распоредот, и не мора постојано да се жртвувате. Важно е да продолжите да ги правите работите што ве прават среќни, а кои не се врзани за вашиот нов партнер. Во одреден момент, вашиот партнер може да се чувствува под притисок и ќе почнете да верувате дека само тој е вашиот единствен извор на среќа, што е неточно.

Најважно е да не бидете опсесивни и да не се жртвувате 100%.