Меѓу хороскопските знаци кај мажите се издвојуваат 3 хороскопски знаци кои се најлошиот избор на брачниот партнер.
Лав
Лавот е социјална личност на која и треба многу внимание, забава и мотивација. За еден Лав да се интересира за вас, треба да бидете интересни и смешни како него. Мора да бидете подготвени постојано да внесувате нешто ново во вашиот секојдневен живот. Во спротивно, Лавот ќе се обиде што побрзо да побегне од рутината во која западнал.
Девица
Девиците обично се толку амбициозни што нивното семејство е на прво место дури откако ќе го постигнат посакуваниот статус во кариерата. Не прават компромиси и живеат само со партнер кој ги исполнува нивните очекувања, а доколку тоа се промени, заминуваат и лесно продолжуваат понатаму.
Вага
Иако се многу романтични, внимателни и ќе направат сè за нивниот партнер да се чувствува прекрасно, Вагите како сопружници можат да бидат и многу себични и имаат тенденција да бараат многу, а да даваат многу малку. Иако имаат романтична природа, им треба многу личен простор, па често емотивната поврзаност и обврските што ги носи семејниот живот може да ги „задуши“. Тогаш тие воопшто не се добро друштво.