Еве кои се знаците дека сте во врска со таков маж.
- Постојано давајќи суптилни коментари
Дали вашиот партнер дава суптилни, саркастични или понижувачки забелешки, преправени во комплименти или случајни забелешки? Најверојатно крие пасивно агресивно однесување. - Намерно одложување на задача или одговор
Доколку забележите дека некои работи не ги прави навреме, а потоа се фрустрира поради нив, можеби имате работа со личност со тежок карактер. - Тој е секогаш жртва
Целиот универзум заговара против него и му се случуваат само најлошите работи? Неговиот гнев е насочен само кон вас како партнер. - Ги обвинува ги другите
Овој тип на маж наоѓа вина насекаде, освен во себе. - Пасивно-агресивен маж комуницира двосмислено
Избегнува да ви каже некои работи, за подоцна да ве обвини дека не сте разбрале или не сака да преземе одговорност за своите зборови. - Избегнува одговорност
И не само што е неодговорен кога е во прашање комуникацијата, тој генерално не сака да одговара, па избегнува секаква одговорност . - Се труди да има контрола, но не директно
Дури и ако на површината не изгледа како тип на лидер, пасивно-агресивниот маж секогаш сака да ги држи уздите и да ги контролира и врската и вас. - Тивко повлекување
Ваквото однесување покажува дека тој не е подготвен да навлегува во тема од интерес за вашата врска која може да биде штетна на долг рок. - Одбива конфронтација
Дури и да е незадоволен од ситуацијата, нема да преземе мерки за решавање на работите. Тој едноставно не успева да заземе став, создавајќи фрустрации со текот на времето. - Избегнува отворена комуникација
Луѓето со пасивно-агресивно однесување ќе имаат тенденција да ги завршат дискусиите велејќи „што и да е“ или „во ред е“.
Ако сретнете таков маж, од почеток поставете граници и кажете му дали одредено однесување ви пречи. Кога ќе се појави конфликт, отворено комуницирајте и останете смирени за да не се вклучите во неговата игра. Ако сакате врската да продолжи, но неговото однесување ве фрустрира, повикајте терапевт или предложете му сам да направи терапија.