КАФЕ СО МЛЕКО: ЕВЕ КАКО ОВАА КОМБИНАЦИЈА ВЛИЈАЕ НА ЗДРАВЈЕТО

„Можете да го консумирате кафето онака како што најмногу ви одговара, бидејќи се зависи од вашиот вкус. Кафето и млекото се корисни пијалоци сами по себе, секој со свои карактеристики. Кафето содржи одредени антиоксиданси и фитохемикалии кои можат позитивно да влијаат на вашето здравје. Од друга страна, млекото е богато со хранливи материи. Кога ќе се измешаат не создаваат никакви отровни соединенија“, објасни д-р Светлана Станишиќ.

Сепак, има и неколку негативни аспекти на оваа комбинација. Според неа, кога кафето и млекото се консумираат заедно, апсорпцијата на хлорогената киселина од кафето може да се забави, а оваа киселина делува како полифенол со антиоксидантни и антиинфламаторни својства.

Ова значи дека млекото може да ја забави апсорпцијата на корисни компоненти од кафето. Од друга страна, кафето може да ја намали и апсорпцијата на калциум од млекото.

Кафето и млекото делумно се мешаат едно со друго, што значи дека се намалува апсорпцијата на корисни состојки од двата пијалоци“, додаде д-р Станишиќ на својот Инстаграм профил.