Краставица: нејзината кора содржи состојка која помага во создавањето на колаген во кожата и на тој начин ја прави затегната и свежа.
Морков: кората има антибактериски и антиинфламаторни својства.
* Јаболко: кората има многу повеќе состојки кои го штитат организмот од болести отколку овошјето, исто така е богата со пектин, кој го намалува холестеролот и помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта.
* Компири: во кората има седум пати повеќе калциум и 17 пати повеќе железо отколку во иста количина овошје. Содржи и многу калиум, магнезиум, витамини Б6 и Ц.
* Портокал: кората содржи двојно повеќе витамин Ц од „месото“, како и поголема количина на калциум, магнезиум, калиум и четири пати повеќе влакна од целиот портокал. Изрендајте го во салати и колачи.
* Модар патлиџан: сината боја доаѓа од моќниот антиоксиданс кој штити од болести, особено од нервниот систем. Кората е богата и со состојки кои ја подмладуваат кожата.