МЕСЕЧЕВА ДИЕТА 2024 ГОДИНА

Месечевата диета е течна диета. Треба да ја започнете кога Месечината навлегува во определена фаза (раководете се според табелата дадена подолу) и да ја завршите 24 часа подоцна.

За време на диетата се препорачува да испиете 2-4 литри течност, а најдобро е тоа да биде вода. Дозволена е и консумација на чаеви без шеќер. Кога ќе почувствувате глад, направете си домашен сок од овошје или зеленчук, без дополнително да го зачинувате. Купените сокови често содржат скриени шеќери, па избегнувајте ги. Не треба да се консумира млеко, а исто така забранет е и алкохолот.

Оваа диета го прочистува организмот од токсините и од задржаните течности. За време на 24-часовниот пост може да изгубите од 1 до 3 килограми.

Ако ја држите диетата еднаш месечно, внимавајте што јадете во останатиот дел од месецот. Кога Месечината расте, консумирајте помалку храна, а кога Месечината се намалува (опаѓа), можете да си дозволите повеќе задоволство од храната.

МЕСЕЧЕВИ ФАЗИ ВО 2024 ГОДИНА (ЗА МАКЕДОНИЈА)

Јануари
4 јануари, 04:30 – последна четвртина

11 јануари, 12:57 – млада месечина

18 јануари, 04:52 – прва четвртина

25 јануари, 18:54 – полна месечина

Февруари
3 февруари, 00:18 – последна четвртина

9 февруари, 23:59 – млада месечина

16 февруари, 16:00 – прва четвртина

24 февруари, 13:30 – полна месечина

Март
3 март, 16:23 – последна четвртина

10 март, 10:00 – млада месечина

17 март, 05:10 – прва четвртина

25 март, 08:00 – полна месечина

Април
2 април, 05:14 – последна четвртина

8 април, 20:20 – млада месечина

15 април, 21:13 – прва четвртина

24 април, 01:48 – полна месечина

Мај
1 мај, 13:27 – последна четвртина

8 мај, 05:21 – млада месечина

15 мај, 13:48 – прва четвртина

23 мај, 15:53 – полна месечина

30 мај, 19:12 – последна четвртина

Јуни
6 јуни, 14:37 – млада месечина

14 јуни, 07:18 – прва четвртина



22 јуни, 03:07 – полна месечина

28 јуни, 23:53 – последна четвртина

Јули
6 јули, 00:57 – млада месечина

14 јули, 00:48 – прва четвртина

21 јули, 12:17 – полна месечина

28 јули, 04:51 – последна четвртина

Август
4 август, 13:13 – млада месечина

12 август, 17:18 – прва четвртина

19 август, 20:25 – полна месечина

26 август, 11:25 – последна четвртина

Септември
3 септември, 03:55 – млада месечина

11 септември, 08:05 – прва четвртина

18 септември, 04:34 – полна месечина

24 септември, 20:49 – последна четвртина

Октомври
2 октомври, 20:49 – млада месечина

10 октомври, 20:55 – прва четвртина

17 октомври, 13:26 – полна месечина

24 октомври, 10:03 – последна четвртина

Ноември
1 ноември, 13:47 – млада месечина

9 ноември, 06:55 – прва четвртина

15 ноември, 22:28 – полна месечина

23 ноември, 02:27 – последна четвртина

Декември
1 декември, 07:21 – млада месечина

8 декември, 16:26 – прва четвртина

15 декември, 10:01 – полна месечина

22 декември, 23:18 – последна четвртина

30 декември, 23:26 – млада месечина