КИСЕЛИНИ: 7 НАМИРНИЦИ КОИ ЌЕ ГО ИЗГАСНАТ ОГНОТ ВО ХРАНОПРОВОДНИКОТ

Киселината во желудникот предизвикува горчлив вкус во грлото , печење и болка во горниот дел на желудникот и зад градната коска и се јавува поради рефлукс на стомачната киселина.

Киселините во желудникот најчесто се појавуваат во тој период, кога мешаме секаков вид храна и пијалоци од празничната трпеза.

  1. Чај од ѓумбир

Во вода сварете парче излупен и сечкан ѓумбир со големина на палец . Оставете го да отстои десет минути и потоа испијте го. Оваа лушпа е ефикасна против разни видови на воспаленија, а ќе ја смири и стомачната киселина.

  1. Банани

Бананата содржи минимални количини киселини, па затоа штити и смирува вознемирен стомак.

  1. Бадемово млеко

Оваа здрава алтернатива на класичното кравјо или козјо млеко помага да се неутрализираат стомачните киселини. Направете смути со бадемовото млеко и додадете јагоди, банани и спанаќ.



  1. Овесна каша

Вознемирениот стомак сака храна богата со диетални влакна , како што е овесната каша. Наутро започнете со чинија овесна каша која ќе ви ја даде потребната енергија за дневната активност и ќе ја намали киселоста.

  1. Анасон

Во топла вода ставете две лажици семе од анасон. Оставете половина час, зачинете со мед и пијте.

  1. Кефир и алое вера

Измешајте една лажица сок од алое вера со кефир и јадете за појадок. Ова е одлична комбинација која го смирува дигестивниот систем, а воедно е и многу вкусна.

  1. Зелен лиснат зеленчук

Јадете колку што е можно повеќе зелен лиснат зеленчук, како што се брокула , целер и карфиол, кои имаат малку киселина и помагаат во борбата против киселина.