АКО ГО ПРЕСКОКНЕТЕ ОВОЈ ЧЕКОР ПРИ КАПЕЊЕ,ЈАСНО Е ЗОШТО ВАШАТА КОСА СЕ ПОВЕЌЕ ОПАЃА!

Опаѓањето на косата е нормална и секојдневна појава. Можеби ќе ве загрижи кога ќе видите голема количина на влакна во одводот за туширање, но реалноста е дека одредено количество влакна се фрлаат за време на миењето. Доколку сте загрижени за опаѓањето на косата, експертите за нега на коса му откриле на британскиот „The Express“ неколку совети кои ќе ви помогнат да го намалите опаѓањето на косата.

Важно е редовно да ја миете косата, но има еден чекор кој не смеете да го прескокнете доколку сакате да ја намалите оваа појава.

Тие советуваат никогаш да не прескокнувате регенератор. Без регенератор, вашата коса станува заплеткана, сува и склона кон опаѓање. Многу луѓе го прескокнуваат регенераторот, сметајќи дека е непотребен.

Реалноста е сосема спротивна бидејќи регенераторот ја одржува вашата коса мека и податлива. Тие советуваат да користите квалитетен регенератор кој може да ја зајакне вашата коса, да го намали кршењето и што е најважно, да го намали опаѓањето на косата при миење.

Исто така, пред да почнете да ја миете косата, проверете дали температурата на водата е соодветна. Топлиот туш заменете го со млако миење и потоа исплакнете со ладна вода. Ако поминувате повеќе време под млазот топла вода, тоа може лошо да влијае на квалитетот на вашата коса. Топлата вода го мие маслото од скалпот и ги отвора порите, правејќи ја косата поподложна што може да предизвика нејзино опаѓање.

Еден корисен чекор што можете да го внесете во вашата рутина е да користите регенератор пред шампонирање. Повеќето луѓе обично користат регенератор само по миењето на косата со шампон. Меѓутоа, претходно уредувањето на косата може да помогне полесно да се чешла и да и даде поголема заштита.

Уште еден клучен совет за намалување на опаѓањето на косата – не ја четкајте косата додека е влажна под туш. Косата е „најслаба“ кога е мокра! Ова е една од главните причини за губење на косата.