ОВЕН
Денес сте поимпулсивни, понервозни од вообичаено. Добро би било кога би биле повнимателни во комуникацијата, за да не си ги расипете шансите за успех со својата избрзаност. Може да почувствувате притисок од вашите шефови, но не влегувајте во расправија со нив. Ќе ви треба поддршка од емотивниот партнер.
БИК
Некои ситуации лесно ве исфрлаат од колосек сега, но нема да дозволите тоа да ви се покаже. Она што сте наумиле да го правите, ќе го направите – без разлика колку одвраќање има на страна. Ако сте расположени за мало флертување, повелете – но погрижете се вашиот емотивен партнер да не го види или почувствува тоа.
БЛИЗНАЦИ
Не дека не сте расположени за работа, туку едноставно не ви паѓа на памет да се движите. Буквално ќе ги одложите сите обврски и само ќе размислите како ќе ги искористите попладневните часови. Имате свои планови, поврзани со пријатели или емотивен партнер…
РАК
Шефовите се обидуваат да ви наметнат обврски, но вие се извлекувате. Во суштина – денес ќе го правите само она што е од личен интерес за вас или што ви одговара. Немате намера да ја трошите својата енергија на она што не ви е важно. Одлични односи со партнерот, хармонија и разбирање.
ЛАВ
Како некој да ве приклучил на струја од рано наутро – ќе дојдете на работа и ќе го поминете поголемиот дел од денот токму на тој начин. Достигнувате се, можете сè, ништо не ви е тешко, особено кога се подготвувате за важен деловен состанок. Ќе бидете расположени за флерт, иницијативи кон спротивниот пол.
ДЕВИЦА
Деловен соработник може да ве предупреди дека сте заборавиле да завршите некоја обврска што сте ја ветиле. Обидете се да најдете соодветно оправдување за вашата негрижа и заборавеност. Многу интензивно комуницирате со една личност преку работа, а забележувате интерес и од нивна страна.
ВАГА
Од разговорите на работа очекувате многу. Сигурни сте дека контактот со оваа личност ќе ви помогне во вашите идни планови. Очекувате признание од газдите, но тоа денеска недостасува. Задоволни сте како се одвиваат работите меѓу вас и вашата сакана.
СКОРПИЈА
На некои настани гледате премногу мрачно – ништо не е толку лошо како што ви изгледа, па немате причина да бидете нервозни, кои моментално ги „истурате“ на сите со кои ќе стапите во контакт. Важен разговор со саканата личност. Вечерта ќе се чувствувате многу подобро.
СТРЕЛЕЦ
Имате многу работи денес. Деловниот сегмент функционира стабилно, а можно е уште денес да остварите дополнителна заработка. Многу размислувате за една личност и се надевате дека наскоро ќе ја запознаете. Искористете го максимумот од овој ден, бидејќи можете да промените многу на подобро.
ЈАРЕЦ
Сосема неочекувано, може да започнете напната ситуација со деловен партнер или колега. Обидете се да не ги расипете вашите важни деловни односи. Некои изненадувања и на полето на финансиите – еден прилив може да ви го разубави денот. Во емотивниот сегмент блага нестабилност и несигурност.
ВОДОЛИЈА
Многу интересен и стимулативен ден, кога треба да започнете и во голема мера да се посветите на се што ви е важно. Се отвораат некои силни можности и на емотивен план, можност за ново познанство или средување на ситуацијата со саканата личност.
РИБА
Одличен ден за се што е поврзано со деловниот сегмент, но ќе бидете избрзани и може да донесете некои одлуки набрзина. Ако е можно, добро размислете за се што ви се нуди, за подоцна да не зажалите. Можеби е подобро да се биде активен околу веќе започнатите работни места, наместо на нови.
Автор на хороскоп: Олга Савиќ