ДОДАДЕТЕ ГО ОВА ВО КАФЕТО ЗА ДА ГО НАМАЛИТЕ КРВНИОТ ПРИТИСОК И ДА ГО РЕГУЛИРАТЕ ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА

Пиењето една до две шолји кафе дневно е поврзано со помал ризик од срцеви заболувања .

Пиењето кафе е омилен утрински ритуал на повеќето луѓе. Истражувањата покажуваат дека кафето може позитивно да влијае на нашето здравје, но треба да бидеме умерени.

Самото кафе има придобивки за срцето, но додавањето на две лажички какао (органско без додаден шеќер) може да ги зголеми тие придобивки уште повеќе.

„ Како зрната кафе, какаото во прав содржи флаваноли, кои имаат антиинфламаторно дејство, ги релаксираат крвните садови и ја подобруваат контролата на шеќерот во крвта “.



Докажано е дека флаванолите го намалуваат воспалението и го подобруваат протокот на крв, што може позитивно да влијае на здравјето на срцето со опуштање на крвните садови и со тоа намалување на крвниот притисок.

Какаото е моќен антиоксиданс и еден од најдобрите природни извори на железо, а ако го додадете во кафето ќе ги подобрите вашите когнитивни способности и расположение.

Покрај какаото, во кафето можете да додадете и ѓумбир.

Оваа мешавина е добар начин да ги искористите придобивките од ѓумбирот, кој е познат како моќен антиоксиданс, ги смирува воспаленијата, стомачните проблеми, болките во мускулите, го намалува холестеролот и го стимулира варењето.