Му угодувате во се, се грижите за него и тој ве сака, но сепак го немате во ваши раце. Време е да се свртите кон себе и да покажете малку „себичност“.
Вистина е дека прекумерната доза на себичност може да ви наштети и на вас и на него, но умереноста нема да ја уништи вашата врска, туку дури и да ја зајакне. Постои научна потврда за ова толкување. Имено, истражувањата покажале дека себичните жени се посреќни и позадоволни од себе и од своите врски.
Ако ја дефинираме себичната жена како целосна спротивност на жената која ви е на услуга 24 часа на ден, тогаш треба да научите да му велите не и да имате свој живот. Не само што ќе му изгледате попредизвикувачки и посигурни, туку и ќе го намалите стресот врз себе. Кога давате премногу, а вложувате малку во себе и ги почитувате сопствените желби, брзо се истрошувате и се чувствувате искористени.
Затоа предлагаме себичноста да ви е адут за заведување и стабилност на врската. Не велиме дека треба да бидете ледени кралици кои не гледаат никој друг освен себе, туку дека треба да го барате својот простор, кога тоа е потребно. Без разлика дали станува збор за излегување со него наместо одење на игра, избор на место за одмор или моментот кога ќе го испратите во самопослуга затоа што не ви се допаѓа.
Не сте слушнале многу пати во животот дека треба да се борите за себе? Оваа борба го вклучува и полето на љубовта. Значи, бидете софистициран, секси воин.