НАПРАВЕТЕ ДОМАШНА МАСКА ОД МЕД И ЈОГУРТ КОЈ ЌЕ ЈА НАХРАНИ КОЖАТА

Направете домашна маска од мед и јогурт која ќе ја нахрани кожата, ќе ги омекне брчките и ќе го направи тенот блескав. Измешајте една лажица мед со една лажица јогурт и една кафена лажичка сок од лимон. За полесно мешање на состојките, можете да додадете и малку топла вода. Кога ќе добиете еднолична густа смеса, нанесете ја на чисто лице.

Оставете да делува 20 минути, а потоа исплакнете со млака вода. Потоа нанесете хидратантна крема. Нанесете ја оваа природна маска три пати неделно. Ќе ја нахрани кожата, ќе ја исчисти од мртвите клетки, па кожата ќе стане помазна и затегната, но и посветла.



Доколку немате време ни за оваа маска, тогаш можете да го намачкате лицето со маслиново масло. Исто така, ја затегнува кожата и ја храни со витамини А и Е, борци против слободните радикали и стареењето на кожата. Нанесете маслиново масло на лицето и вратот. Оставете да делува 20 минути, а потоа измијте со миењето што го користите и нанесете хидратантна крема.