3 ХИДРАTAНТНИ МАСКИ ЗА СВЕЖА КОЖА ВО ПРОЛЕТ

Пролетта е скоро тука и време е да се грижиме за исушената и истрошена зимска кожа. За да и помогнете да закрепне, искористете ја моќта на природата. Со помош на природни состојки, можете да направите прекрасни маски за хидратација, негување и враќање на исцрпената кожа која го изгубила својот сјај и свежина.

Еве неколку одлични примери за да ги искористите.

Маска со млеко, маслиново масло и наут

1 лажичка брашно од наут;
4-5 капки маслиново масло;
1 лажица свежо млеко.
Сите состојки добро измешајте ги додека не добиете мазна кремаста смеса. Нанесете на чиста и сува кожа. Оставете да делува најмалку 30 минути. Исплакнете со млака до малку топла вода.




Маска со куркума, лимон и мед

1 лажица куркума;
1 лажица сок од лимон;
1 лажица мед;
Малку вода
Соединете ги состојките и измешајте додека не се изедначи смесата. Нанесете на чиста и сува кожа. Оставете ја маската да делува 30 минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Маска со авокадо, овес и мед

¼ зрело авокадо;
1 лажица валани овес;
1 лажица мед
Измешајте ги состојките добро. Почекајте овесот да омекне и малку да набабри. Важно е авокадото претходно добро да се испасира за да добие кремаста текстура. Нанесете ја маската на чиста и сува кожа. Оставете ја маската да делува околу 30 минути. Исплакнете со млака вода.