Дали знаевте дека лененото семе е познато како едно од најдобрите здравствени помагала. Богато е со минерали, витамини, целулоза и амино киселини. Кои се основните придобивки од лененото семе?
Производот создаден од природата помага за прочистување на организмот, го одржува апетитот во пристојни граници, како и го регулира шеќерот во крвта. Од овие мали и корисни семки можете да подготвите еден од најкорисните чаеви.
Еве ги неговите придобивки:
Чај од ленено семе за слабеење
Со овој чај многу лесно можете да се ослободите од непотребните килограми. Самите влакна успеваат да ги извлечат мастите од телото и на тој начин човекот слабее на сосема природен начин.
За циститис
Се вели дека овој чај може да ги ублажи симптомите на циститис. За таа цел, потребно е да поминат барем неколку дена за да почувствувате олеснување.
За бронхитис и кашлица
Овој чај завидно успева да ја смири кашлицата и другите настинки. Може да се конзумира пред или после јадење.
Чај од ленено семе против запек
Доколку го пиете овој чај навечер пред спиење, неговото дејство ќе го почувствувате наутро. Тој е еден од најефикасните лаксативи.
За проблеми со тироидната жлезда
Се вели дека лененото семе игра важна улога во регулирањето на функцијата на тироидната жлезда. Некои луѓе се на мислење дека после минимум 2 месеци консумирање чај од ленено семе може да се излечиме од јазли, кои се нарушувања во структурата на жлездата.
За дијабетес
Лененото семе е богато со антиоксиданси, влакна и добри масти. Може да не заштити од дијабетес. Меѓутоа, ако е присутен дијабетес, овој чај помага во нормализирање на нивото на шеќер во крвта.
Како можеме сами да си направиме чај од ленено семе?
Околу 3 лажици ленено семе се прелива со еден литар топла вода. Оставете го да отстои преку ноќ. Следното утро треба да се процедите и можете да консумирате по 150 мл. Добро е постапката да трае околу 10 дена, а потоа да се одмори. Доколку е потребно, рестартирајте го внесот на чај. Се препорачува да се консумира до 3-4 пати на ден.
Статијата е само за информативни цели и не заменува лекарска консултација или урамнотежена исхрана.