10 РАБОТИ ШТО ТРЕБА ДА МУ ГИ КАЖУВАТЕ НА ВАШЕТО ДЕТЕ СЕКОЈ ДЕН

„За да одгледаш едно дете потребно е цело село“, вели една стара поговорка. Секој родител би се согласил со ова – колку и да се трудиме, понекогаш ние родителите правиме грешки. Не можеме секогаш да судиме што, како и кога да им кажеме на нашите деца. Не сме родени учени и мораме со текот на времето да стекнуваме знаења и вештини за тешката мисија наречена „родителство“.

На кој начин можеме да им помогнеме на нашите деца за нивниот личен развој и самодоверба? Можеме да го направиме тоа користејќи ја моќта на зборовите. А ако се двоумите што точно се тие – ви нудиме кратка листа од 10 работи кои можете да му ги кажете на вашето дете секој ден.

  1. Секогаш ќе бидам тука за тебе

Овие зборови ќе му помогнат на вашето дете да се чувствува заштитено и поддржано од вас. Освен тоа, на овој начин создавате чувство на доверба меѓу вас, што ќе помогне уште повеќе да ја зајакнете и продлабочите вашата врска.

  1. Како е твојот пријател…?

Кога се интересирате за пријателствата на вашите деца, вие индиректно се интересирате за нивните животи. На овој начин создавате предуслови за отворена комуникација меѓу вас. Практикувајте ја оваа навика бидејќи ќе ви користи кога вашето дете ќе порасне.

  1. Што правевте денес на училиште?

Ова прашање ја поттикнува комуникацијата меѓу вас, и иако детето не е секогаш е склоно да ви одговори веднаш, не се откажувајте да покажувате интерес за животот на вашето дете и за она што се случува во неговиот секојдневен живот.

  1. Што мислиш за…?

Поставете го ова прашање кога сакате да ги поттикнете лидерските квалитети и одговорноста кај вашето дете. Обидете се да делегирате, макар и малку, за детето да се чувствува одговорно за одлуките, како на пример во каква боја сака да ја обоите неговата соба.

  1. Што би сакал/а да јадеш?

Со ова едноставно прашање можете да се обидете да му помогнете на вашето дете и да го поттикнете да донесува одлуки.

  1. За што си благодарен/а денес?

Многу важно прашање, и за децата и за возрасните. Ќе го испровоцирате детето да научи да биде благодарно и да ги цени малите работи од секојдневниот живот.

  1. Што мислиш дека треба да правиме?

Размислете за едноставна задача – на пример – поместување голема вазна или непотребен куфер. Прашајте го вашето дете што мисли за тоа и која е неговата идеја. На овој начин го учите на критичко размислување и ќе поттикнете донесување одредени одлуки.

  1. Дајте позитивни повратни информации

На пример: „Начинот на кој ја исчисти твојата соба беше неверојатен“, „Начинот на кој го подготви појадокот беше многу интересен“ – вака ќе ја поттикнете позитивната самодоверба кај детето.

  1. Како спиеше синоќа? Дали сонуваше за нешто интересно?

Ова е начин да започнете почеток на необврзувачки разговор, но може да биде и основа за вашиот подобар однос со детето.

  1. Те сакам

Кажете го тоа барем неколку пати на ден – по можност со прегратка и бакнеж.