Проширувањето на вашата зона на удобност е најдобриот начин да го стимулирате вашиот личен раст и развој. Но, за да ја проширите, мора да бидете свесни дека не можете да продолжите да останете заглавени во таа рутина која не ви помага да одите напред, да донесувате правилни одлуки и да бидете среќни. Накратко, важно е одвреме-навреме да излезете од познатата комфорна зона за да можете да ги проширите можностите за подобар живот, според вашата визија.
Ова не е секогаш лесно бидејќи значи вложување напор. Во овие моменти ви требаат позитивни мисли, афирмации да ви помогнат во процесот.
- „Секој ден станувам се поприлагодлива“.
- „Уверена сум во мојата способност да научам нови работи“.
- „Трпелива сум со себе додека „раснам“.
- „Способна сум да се справам со предизвиците што ми се појавуваат“.
- „Јас сум достојна за успехот што доаѓа од испробувањето на нови работи“.
- „Создавам живот што го сакам со тоа што сум отворена за нови можности“.
- „Горда сум на себе за секој чекор што го правам надвор од мојата комфорна зона“.
- „Јас сум мојот најдобар водич на ова патување на раст и развој“.
- „Се фокусирам на позитивните промени кои доаѓаат со растот“.
- „Јас сум отпорна пред предизвиците“.
- „Учим да ја прифаќам неизвесноста со позитивен начин на размислување“.
- „Јас сум посилна од моите стравови“.
- „Постојано се развивам и растам“.
- „Посветена сум на мојот личен развој“.
- „Јас сум одговорна за проширувањето на сопствената зона на удобност“.
- „Откривам нови страсти додека го истражувам светот надвор од моите граници“.
- „Горда сум на напредокот што го постигнувам секој ден“.
- „Јас сум љубезна кон себе додека ги проширувам моите хоризонти“.
- „Јас сум мојот најдобар поддржувач“.
- „Возбудена сум што ќе научам нови вештини и знаења“.