Во нашиот живот сонуваме за многу работи. Меѓу најпосакуваните се секако љубовта и среќата. За жал, сепак, многу често се задоволуваме со помалку од она за што сонуваме. Па дури и со помалку од она што го заслужуваме.
Љубовта треба да биде силна, страсна, да ве насмее без разлика колку проблеми имате со партнерот. Врските се возбудливи и не можат да бидат целосно без облаци, но можат да не натераат да си кажеме дека има смисла да продолжиме со партнерот со кој сме – бидејќи тој е нашиот вистински избор.
Кои се 10-те работи што секоја жена ги заслужува од маж?
- Секоја жена заслужува маж кој позитивно ќе влијае на нејзиниот живот.
- Секоја жена заслужува маж кој покажува дека му недостига кога не се заедно.
- Секоја жена заслужува маж кој ја третира онака како што таа сака да се однесуваат кон неа.
- Таа заслужува маж кој ја предизвикува.
- Секоја жена заслужува да биде посакувана.
- Заслужувате маж кој ве вклучува во неговиот личен живот, а не ве држи надвор од него или на дистанца.
- Заслужувате некој кој се грижи за вас.
- Секоја жена заслужува маж кој ја планира својата иднина со неа.
- Вие заслужувате романтичен маж кој ја разбира и чувствува љубовта исто како и вие.
- Секоја жена заслужува маж кој ја прави подобра секој ден.