Гордост за Прилеп: Петар Мирчевски со нови медали од меѓународни хемиски олимпијади

На традиционалната средба на Сојузот на хемичарите на Македонија, одржана на 30 септември во библиотеката на Институтот за хемија, беа презентирани постигнувањата од меѓународните натпревари и беше изразена благодарност за сите кои придонеле за успехот.

Мирчевски по трет пат го освои златниот медал на Македонската хемиска олимпијада. Дополнително, оваа година донесе два бронзени медала: еден од Менделевата хемиска олимпијада во Бело Хоризонте, Бразил, и друг од Меѓународната хемиска олимпијада во Дубаи, ОАЕ.

Со овој резултат, Петар постави нов рекорд и освои вкупно три бронзени и еден сребрен медал на најпрестижните светски олимпијади.

Сојузот на хемичарите упати јавна благодарност до Општина Прилеп за континуираната финансиска поддршка, која овозможи покривање на патните и организациските трошоци.

Петар, своето образование ќе го продолжи на Природно-математичкиот факултет во Скопје, каде што ќе студира хемија. Неговите успеси претставуваат инспирација за идните генерации ученици од Прилеп и Македонија.

Извор:ОТВ