Без разлика дали станува збор за финансии, мода или кариера, овој месец е вистински момент за „притискање на копчето за ресетирање“ и отворање пат кон нови почетоци. За четири хороскопски знаци, октомври носи особено силна енергија за трансформација и обновување.
Рак
Ракови, познати сте по својата грижа и чувствителност, но овој октомври е време да се погрижите за вашите финансии. Искористете го месецов за да се задлабочите во буџетот, штедењето и навиките на трошење, и да му дадете нова насока на вашиот финансиски живот. Замислете го тоа како големо расчистување: ослободете се од старите долгови и проблеми, и воведете нови стратегии за буџетирање и нови можности за приход. Прифатете го ова како шанса да изградите поизобилна иднина, каде што вашата банкарска сметка ќе биде исто толку негувана колку и вашите најблиски.
Лав
Лавови, вие сте кралевите и кралиците на социјалниот круг, но овој октомври е време да застанете чекор назад и да го преиспитате вашето опкружување. Искористете го месецов за да ги пренастроите односите – да бидете сигурни дека луѓето околу вас навистина ве полнат со енергија. Тоа може да значи поставување граници, продлабочување на врските или пак разделување со оние што веќе не се усогласени со вашата животна фаза. Сè е во градењето мрежа што одразува кои сте и каде сакате да бидете. Запомнете, вистинските односи треба да ве издигнуваат, а не да ве кочат.
Вага
Ваги, вашиот стил секогаш е на високо ниво, но овој октомври ќе одите чекор понатаму – не само во гардеробата, туку и во тоа како се чувствувате во својата кожа. Вие тежнеете кон рамнотежа, а овој месец тоа значи усогласување помеѓу модата и самоприфаќањето. Одвојте време да се ослободите од облека што не ве прави да се чувствувате добро и инвестирајте во парчиња што го слават вашето тело такво какво што е денес. Ова освежување на гардеробата е повеќе од естетика – тоа е и можност да го промените начинот на кој се гледате себеси, да прегрнете љубов кон себе и да се откажете од строгите пресуди што ве следеле.
Скорпија
Скорпии, овој октомври ви е потребен свеж простор за размислување и обновување. Фокусирајте се на вашиот дом – расчистете ја старата енергија и направете место за нова. Ослободете се од сè што не ви служи: непотребна облека, стари предмети, па дури и емоционален товар. Можете да направите и енергетско прочистување со тамјан или пало санто, за да внесете позитивни вибрации. Ова рестартирање на домот не е само прашање на изглед – тоа е создавање светилиште што ќе го одразува вашето внатрешно јас и ќе го поддржува вашето духовно, ментално и емоционално патување.