Сигнали кои покажуваат дека партнерот има комплекси поради вашите успеси

Во љубовната врска постојано го запознаваме партнерот покрај нас. Дури и по долги години заедно, секогаш има нешто што може да нè изненади, понекогаш и непријатно. Во љубовта сакаме да бидеме ценети, почитувани од нашиот сакан човек. Тој да се гордее со нас. Ви се случило ли да бидете во врска со некого кој има комплекси од вашата личност?

Комплексираниот маж не сака вие да се развивате, често избегнува конфликтни ситуации или пак е нападлив. Но тој може да изгледа и шармантен, барем на почетокот.

1. Тој постојано се споредува со вас
Првиот знак дека вашиот партнер може да се бори со комплекс на пониска вредност се гледа во неговата склоност да се споредува со вас. Секое ваше достигнување, секој комплимент што го добивате или дури и вашите социјални интеракции како да предизвикуваат чувство на завист. Во рамките на една врска е природно партнерите да се восхитуваат на силните страни и постигнувањата еден на друг. Но кога восхитот се претвора во споредба, а споредбата во чувство на помалкувредност, тоа е проблем за љубовта.

2. Исклучително самокритичен е кон себе
Контраст на постојаните споредби што ги прави вашиот партнер е неговата склоност да биде премногу критичен кон себе. Тоа може да изгледа изненадувачки, бидејќи често високото самопочитување го поврзуваме со самосвеста и способноста да ги препознаеме сопствените недостатоци. Но постои тенка линија меѓу здравата самокритика и деструктивната навика постојано да се потценуваме.

Кога вашиот партнер се бори со комплекс на пониска вредност, тој често може прекумерно да се фокусира на своите недостатоци или грешки. Да се самообвинува за ситни грешки или да верува дека секогаш тој е виновен за сè.

3. Му е потребно постојано потврдување
На прв поглед, барањето потврдување изгледа како нормален дел од човечките интеракции. Сите сакаме нашите напори да бидат признаени, нашите чувства потврдени. Но кога оваа потреба за потврдување се претвора во постојана потреба, тоа може да укажува на подлабок проблем. Размислете дали вашиот сакан човек често го бара вашето одобрување за сè.

4. Тешко прифаќа комплименти, но и градивна критика
Еве еден интересен парадокс – додека вашиот партнер можеби постојано бара признание, истовремено може да му биде тешко да прифаќа комплименти. Се сеќавате ли на онаа епизода од „Сексот и градот“, кога Бергер ѝ ја подари на Кери својата последна книга што ја напишал (и тој беше писател). Неа многу ѝ се допадна, но забележа една сосема ситна работа што не ѝ се допадна, а тоа беше што главната хероина ја врзувала косата со скранчи.

Бергер се навреди, а во следните денови Кери не престануваше да му повторува колку многу ѝ се допаднала книгата. И двете ситуации го направија да се чувствува лошо, а Кери уште повеќе.

5. Ги омаловажува вашите успеси
Дури и малите. Можеби ви се случило нешто убаво денес – некој да ве изненади, да започнете некаква обука, да постигнете успеси на пример со вашата диета, спортска активност и слично. Наместо да слушнете комплимент од партнерот, тој ќе се обиде да ги омаловажи вашите радости, затоа што ви завидува и се чувствува „помал“ од вас.