ДОМАШНИ ЛЕКОВИ ЗА БОЛНО ГРЛО

Пред да посегнете по домашните лекови, одговорете ги следниве прашања: дали болката е силна; дали трае повеќе од неколку дена; дали имате потешкотии при голтањето; имате ли потешкотии при дишењето; треска; отоци на вратот; болки во зглобовите? Ако одговорот на некое од прашањата е „да“, тогаш е препорачливо веднаш да го посетите својот матичен лекар.

Гаргара

Гаргара може да се прави со повеќе течности, кои ќе помогнат во намалување на болката во грлото. Обично, течноста го лекува грлото преку менување на киселоста до степен во кој бактериите веќе не можат да преживеат. Обидете се со:



  • Солена вода – растворете колку што можете повеќе сол во една чаша топла вода и правете гаргара со растворот на секои неколку часа;
  • Вода со аспирин – растворете 4 аспирина во една чаша топла вода и правете гаргара на секои неколку часа;
  • Оцет – турете една супена лажица јаболков оцет во чаша топла вода и правете гаргара на секои неколку часа;
  • Секој растителен чај што се препорачува за болно грло може да се користи и за правење гаргара.

Растителни чаеви

Постојат голем број растителни чаеви кои се добри за болното грло, како и за засилување на имунитетот. Меѓу најдобрите избори се:

  • Брест;
  • Дива цреша;
  • Зелен чај;
  • Слад.