ЖЕНСКАТА СЕКСУАЛНОСТ ИЗРАЗЕНА НИЗ ФОТОГРАФИИ

Неостварливиот женски оргазам. Како изгледа тој и зошто толку ретко се зборува за него? Бразилскиот фотограф Маркос Алберти сака да го расветли светот на женската сексуалност и да го прослави во сета своја светлина со „Проектот О“, жешка серија на која се прикажани фотографии од жени од целиот свет пред, за време и по оргазмот. За исполнување на овој проект Алберти повика модели од сите националности, вклучувајќи ги и оние од поконзервативните култури како Кина и Сингапур.

„Нашето партнерство со Маркос ни овозможи да ја создадеме оваа серија за да ја зголемиме социјалната стигма на женската сексуалност, како и да го промовираме женското задоволство“, рече Фан Јанг, глобален маркетинг менаџер во „Smile Makers“. Секој модел добива „Создавач на насмевки“ и останува сам, а снимките што се направени го пренесуваат изразот на лицето пред, за време и по оргазмот.