Ако нешто не научи 2020 година, тоа е дека нема смисла да се прават планови и да се даваат ветувања кои на крајот не зависат од нас. И уште понепријатен е стресот на кој нè подложуваат сите нереални цели. Затоа денес ви даваме 8 идеи за мали достигнувања што ќе ја направат 2021 година подобра година, барем на личен план.
- Одржувајте го вашето здравје
Веќе сфативме колку го занемаривме нашето здравје и како го земавме здраво за готово. Затоа, во 2021 година, пијте доволно вода, пешачете, одете на превентивни прегледи. Пред да се грижите за што било друго, треба да бидете сигурни дека вашето тело е во најдобра можна форма.
- Поминете време далеку од технологијата
Не мора да ги бришете профилите на социјалните мрежжи или да се ослободите од Wi-Fi-то. Едноставно, можете да го намалите времето дневно поминато пред екраните.
- Останете верни на себе
Носете облека што одговара на вашиот стил, а не на оној што се очекува да го носите. Опкружете се со луѓе кои ве прават да се чувствувате доволно пријатно за да бидете свои.
- Пробајте нешто ново
Месете леб или испечете торта што не сте ја направиле досега. Пријавете се за нешто што ве вади од вашата удобна зона. Не мора да патувате низ целиот свет или да ја напуштите работата за да започнете да истражувате нови аспекти на вашата личност.
- Грижете се за вашето ментално здравје
Дури и ако немате можност да посетите терапевт, можете да започнете дневник со запишување на вашите мисли и следење на вашите навики. Можете да научите да медитирате и да изведувате вежби за длабоко дишење.
- Помогнете им на оние кои имаат потреба
Можете да донирате храна или пари. Можете да помогнете во прифатилиштето за животни. Можете да носите играчки во сиропиталиште. Има толку многу ситници што можете да направите за подобар свет. - Дознајте повеќе за светот околу вас
Можете да читате книги надвор од вообичаениот жанр. Можете да следите луѓе на социјалните мрежи кои објавуваат интересни факти или приказни што никогаш не сте ги чуле. Може да слушате подкасти. Можете да го проширите своето знаење на милион различни начини.
- Прифатете се
Признајте ги вашите недостатоци. Извинете се кога ќе направите нешто погрешно. Не пренесувајте ја вината на другите. И за крај, но не и најважно – сакајте се.