КОИ СЕ 6-ТЕ НЕГАТИВНИ ЕФЕКТИ ВРЗ КОЖАТА АКО ПРЕСТАНЕТЕ ДА ПИЕТЕ КАФЕ

Познато е дека кофеинот е добар за кожата, па затоа го има во многу производи за убавина. Ако престанете да пиете кафе целосно, тоа може да остави видливи последици. Еве 6 од нив:

  1. Ќе добиете мозолчиња

Кафето е природен антиоксиданс кој го намалува воспалението на кожата и на тој начин помага при појава на акни и хиперпигментација.

  1. Ќе имате повеќе целулит

Антиоксидативното дејство на кафето помага и во борбата против целулитот, бидејќи кофеинот влијае на проширување на крвните садови под кожата, со што се подобрува циркулацијата на крвта и со тоа се намалува целулитот.

  1. Старосни дамки

Чаша кафе на ден го забавува појавувањето на „старечки дамки“, што главно се должи на хлорогената киселина, која е составен дел од кафето.



  1. Розацеата ќе се интензивира

Розацеа е кожно заболување кое погодува милиони луѓе ширум светот. Ова е црвенило на кожата, што неколку чаши кафе на ден може значително да го намалат.

  1. Темни кругови

Кофеинот, исто така, влијае на регулирање на крвните садови кои се виновни за темните кругови под очите.

  1. Побрзо стареење

Премногу кафе ја дехидрира вашата кожа, но од друга страна во умерени количини ја штити од штетните ефекти на сонцето.