НАУЧЕТЕ ДА СЕ САКАТЕ САМИТЕ СЕБЕ СИ- И ПОКАЖЕТЕ СИ!

Научете да се разгалите без да потрошите многу. И покажете си дека се сакате.

Размислете за вашите карактеристики што не ги сакате и не можете да ги промените. Дали има нешто во тие карактеристики што можеби ви се допаѓа?

Помислете на некој што го сакате. Дали го сакате и покрај неговите маани?

Вежбајте да примате љубов – ако сакате вистински да сакате, мора да знаете како да примате љубов и да бидете свесни дека ја заслужувате. Прифатете ја љубовта што ви ја даваат блиски луѓе, нивните добри дела, убави зборови, комплименти и подароци. Вежбајте велејќи си „Те сакам“, сакај се безусловно и таквата љубов ќе го исполни твоето срце.

Вежбајте да кажувате „не“ – не чувствувајте вина ако сакате некого да одбиете или не сте расположени за нешто што другите го бараат од вас. Направете само она што вашето срце го посакува и не правете нешто само за да ги задоволите другите.

Правете го она што го сакате – ако можете да најдете нешто што навистина сакате да го правите и да започнете да поминувате време со тоа, ќе најдете љубов, радост и среќа во вашето срце.

Однесувајте се кон себеси како најдобар пријател.

Извинете си се – оставете го минатото зад себе и бидете присутни во секој нов ден. Простете си за сите грешки, жалења и пропусти што сте ги направиле. Време е да продолжите.

Негувајте се – најдете време за себе и негувајте се физички, емоционално, ментално и духовно. Направете го она што ви дава чувство на мир, радост и љубов. Одете на прошетка, спортувајте, вежбајте, танцувајте, јадете здраво и спијте.

Чувствувајте се добро со себе – Погледнете се во огледало, насмевнете се и кажете си „Те сакам, достоен сум за љубов“. Слушајте ја омилената музика и читајте книги, играјте со домашните миленици, бидете горди на вашите достигнувања, напишете дневник за вашите животни соништа и цели.

Не се споредувајте со другите – Секоја личност е единствено суштество и секој има различен талент. Споредувањето со другите предизвикува негативни емоции, како што се нарушување на самодовербата, депресија, завист и љубомора. Фокусирајте се на сопствената внатрешна сила, запознајте се и откријте ги даровите што ги имате.

Не мора да бидете совршени – Престанете да се критикувате дека не сте совршени. Обидете се да го дадете најдоброто од себе, и ако не постигнете совршенство, прифатете дека тоа не значи дека сте претрпеле пораз.

И уште нешто ..
Кога ќе стигнете до точката каде што ќе кажете дека се прифаќате многу, ќе се промени. Вашиот поглед кон светот ќе се промени, ќе станете потолерантни кон другите и ќе ви биде полесно да прифатите критика на ваша сметка. Забелешките нема да влијаат на вас бидејќи длабоко во себе знаете дека се сакате.