ШТО Е НАВИСТИНА ЉУБОВ?

Во продолжение прочитајте приказната за Кафка и едно мало девојче што ја изгубило куклата. Приказната носи силна порака.

На 40 години, Кафка, кој никогаш не се оженил и немал деца, се шетал во парк во Берлин и сретнал едно девојче кое плачело бидејќи ја изгубило куклата. Кафка се понудил да помогне во потрагата по куклата. И двајцата барале, но неуспешно.

Кафка ѝ рекол да се најдат на истото место, наредниот ден, за повторно да ја бараат.

Наредниот ден повторно не ја нашле куклата, па Кафка му дал писмо на девојчето „напишано“ од куклата:

– Те молам, немој да плачеш за мене. Тргнав на пат да го видам светот. Ќе ти пишувам за моите авантури.

Така почнала приказната, која продолжила до крајот на животот на Кафка. Во текот на нивните состаноци Кафка ги читал писмата од куклата со авантурите и разговорите, кои за девојчето беа неодоливи.



На крај, Кафка му дал на девојчето една кукла што ја купил.

– Воопшто не изгледа како мојата кукла – рекло девојчето. Кафка ѝ подал уште едно писмо „напишано“ од куклата: – Моите патувања ме променија. Девојчето ја прегрнало новата кукла и ја однело дома.

Една година подоцна Кафка починал.

Многу години подоцна, кога девојчето станало девојка, нашла писмо во куклата. На писмото потпишано од Кафка пишувало:

– Сѐ што сакаш еден ден ќе се изгуби, но на крајот љубовта ќе се врати на некој друг начин.