Се повеќе експерти препорачуваат дневна потрошувачка на ѓумбир, особено во форма на топол чај.
Придобивките за организмот се навистина многу, еве 5 од нив.
- Може да ве заштити од срцеви заболувања
Ѓумбирот го намалува лошиот и го зголемува добриот холестерол, а исто така го намалува и крвниот притисок. Сето ова доведува до помалку кардиоваскуларни заболувања.
- Може да ви помогне да ја контролирате вашата тежина
Нагонот за јадење на секои 5 минути може да биде една од причините што не можете да ја контролирате вашата тежина. Чајот од ѓумбир може да ви помогне во ова. Научниците откриле дека овој зачинет корен го потиснува гладот и прави да се чувствувате сити.
- Може да ви помогне да го контролирате шеќерот во крвта
Високиот шеќер во крвта често се поврзува со дијабетес, а доколку имате тип 2, ѓумбирот може да ви помогне. Некои студии откриле дека е можно да се подобри вашата состојба по 12 недели дневно консумирање на овој корен, но најдобро е да се консултирате со вашиот лекар.
- Може да ја ублажи болката во коленото
Ако јадете или пиете чај од ѓумбир 6 месеци, тоа може да доведе до значително помала болка во овој дел од телото.
- Може да го зајакне вашиот имунитет
Ако често се разболувате, започнете да пиете чај од ѓумбир секој ден. Тоа значително ќе го подобри вашиот имунолошки систем, што пак значи дека ќе бидете поотпорни на вируси.
Еве како да направите чај од ѓумбир:
Потребни ви се 20 грама корен од ѓумбир, 500 мл врела вода, 1/2 лимон и 1 лажиче мед.
Излупеното парче ѓумбир изрендајте го или исечете го на тенки парчиња, ставете го во длабок сад и прелијте го со врела вода. Покријте го тенџерето и оставете го да врие околу 15 минути. Потоа процедете, додадете сок од лимон и мед.