КОЈА Е ВАШАТА МАНТРА СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК?

Зборовите што ги изговараме дури и тивко имаат голема моќ. Тие можат да помогнат, мотивираат или обратно. Во животот никогаш не сме само горе или само долу. Денес споделуваме со вас мантра за секој хороскопски знак што ќе ви помогне, особено во тешките времиња.

Овен
Прифатете го она што е, оставете го она што било и верувајте во она што може да биде.

Бик
Ништо вредно не е лесно.

Близнаци
Ако не е правилно, не го прави тоа, ако не е точно, немој да го кажуваш тоа.

Рак
Никогаш не дозволувајте вашите емоции да ја надвладеат вашата интелигенција.

Лав
Не е сè до мене, важни се и чувствата на оние што ги сакаме.

Девица
Доволно сум добар во тоа што го работам и знам дека никој не е совршен.

Вага
Следете го срцето, но „понесете го“ и мозокот со вас.

Скорпија
Казнете ги со љубезност и елиминирајте ги со насмевка.

Стрелец
Бидете повеќе слушатели и учете од другите. Не сте секогаш во право затоа што никој не е.

Јарец
Грижата само ја влошува ситуацијата, не го решава проблемот.

Водолија
Отворете го умот и бидете подготвени да се повлечете кога не сте во право.

Риба
Не претерувајте, особено за оние мали и безначајни работи.