Иако се вели дека љубовта, а не сексот, го одржува бракот, сексот е начин да ја искажете љубовта кон вашиот партнер и не треба да се исклучи од брачниот живот. Сепак, во светски рамки постојано се зголемува бројот на браковите без секс. Не се потребни истражувања за да заклучиме дека и во нашата држава ситуацијата е иста.
Сексуалната желба се менува во зависност од случувањата во животот на брачните партнери
Со текот на годините, поради најразлични причини, многу брачни парови ја губат желбата да бидат интимни како што биле порано. По дефиниција, бракот без секс не е брак во кој партнерите воопшто немаат секс, туку брак во којшто сексот не е редовен и се случува поретко од 10 пати годишно.
Во секој брак сексуалната желба се менува, паѓа или расте во зависност од тоа што се случува во животот на брачните партнери. Но, вистинските проблеми настануваат кога мажот и жената започнуваат да се чувствуваат оддалечени еден од друг и тоа трае долг период, се намалуваат или исчезнуваат сексуалните односи, а дополнително и целата интимност во нивниот брак.
ПРИЧИНИ ЗА ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА СЕКСОТ ОД БРАКОТ
Во многу случаи, сексот не исчезнува преку ноќ. Постојат многу различни причини поради кои сексот може да го снема од бракот, како:
динамичен живот, исполнет со многу обврски;
намалена желба за секс поради здравствени проблеми;
мали деца и немање на приватност;
депресија;
загуба на самодоверба поради физичкиот изглед;
немање на взаемна доверба и разбирање;
неверство;
отсуство на физичка привлечност кон партнерот;
финансиски или други проблеми во бракот.
КАКО ДА СИ ПОМОГНЕТЕ?
Брачните парови кои се соочуваат со овој проблем често чувствуваат лутина и/или срам и не се обидуваат да побараат помош од нивните пријатели или пак од стручни лица. Најчесто ваквите бракови пропаѓаат, без разлика дали официјално ќе завршат со развод или не. Голем број на брачни партнери продолжуваат да живеат заедно затоа што сметаат дека е доцна да прават големи промени во животот и да се разделуваат или затоа што финансиски се зависни еден од друг.
Но, бракот без секс не е проблем кој нема свое решение, потребно е само партнерите да бидат подготвени да го пронајдат. А еве и неколку совети кои ќе ви дадат идеја од каде да започнете:
Не се обвинувајте еден со друг.
Научете да комуницирате ефективно.
Победете ја досадата.
Повторно состанувајте се.
Децата не треба да ви бидат изговор.
Покажете му колку сте привлечни.
Покажете му дека сè уште ве привлекува.