ИНДИСКИ КАНИБАЛИ: ВАКА ИЗГЛЕДА ЖИВОТОТ ВО ПЛЕМЕТО АГОРА!

Фотографот, Јан Сквара (38) од Полска, патувал низ Варанаси во Индија, кога наишол на место каде што живее племе на членови на сектата Агора. И порано, иако многу ретко, фотографите успеаја да поминат извесно време со ова племе, па затоа Јан имаше неколку основни информации за нивните животи. Сепак, средбата со нив во живо беше нешто сосема друго.

Сцените што ги виде, а се најдоа и на неговите фотографии, како на пример човек кој ритуално ја навали главата наназад и ги крена рацете во воздухот пред да испие течност од вистински човечки череп, целосно го запрепастија.

Агората е мистична хиндуистичка секта, а нејзините членови живеат аскетски живот, односно се одрекуваат од сетилните задоволства за да постигнат духовен мир. Со цел да се ослободат од секоја страст и срам, членовите на оваа секта носат многу малку облека. Она што е исто така карактеристичен дел од нивниот ритуал е мачкање со бела прашина.

Јан помина четири дена со членовите на оваа секта и за тоа време направи неверојатни фотографии на кои се гледа еден од постмртните ритуали, по кој оваа секта е особено позната.

Имено, и Агората се канибали, а најмногу го консумираат месото на починатиот, со помош на чии тела воспоставуваат врска со божественото.

Иако го обожаваат хинду-божеството Шива, практиките што ги практикува оваа секта се сметаат за контрадикторни со хиндуизмот.