ДАЛИ СТЕ ЗНАЕЛЕ? 5 ВАЖНИ ПРИЧИНИ ДА ЈАДЕТЕ ЗЕЛКА, ОСОБЕНО ВО ЗИМА

Лековитите својства на зелката се огромни, затоа се препорачува нејзино консумирање во текот на целата година, особено во текот на зимата. Дознајте како зелката го штити вашето тело.



  1. Го зајакнува имунитетот
    Зелката содржи витамин Ц, како и значителни количини на бета-каротин, калиум, железо и магнезиум. Има најмногу лековити својства кога ја јадете сурова или кисела, а ги губи своите здрави квалитети со подолг термички третман.
  2. Стимулира варење и губење на тежината
    Дури 92,5% од зелката е вода, па затоа не е изненадувачки што овој зеленчук се смета за диетална храна, со само дваесет калории на сто грама и се препорачува за луѓето кои држат диета. Покрај тоа, го забавува претворањето на шеќер и други јаглехидрати во маснотии. Бидејќи има и висок процент на целулоза, ја стимулира работата на варењето и ја намалува надуеноста.
  3. Го штити респираторниот тракт
    Сокот од зелка е ефикасен лек за белодробни заболувања, а со неговото плакнење ја намалува болката во грлото. Сокот помага да се исчистат дишните патишта кај бронхитисот или астмата.
  4. Го зачувува здравјето на желудникот
    Зелката содржи сулфорафан. Тоа е органско соединение кое го штити гастроинтестиналниот тракт од повратниот проток на гастричната содржина нагоре во хранопроводот (киселински рефлукс). Покрај тоа, ја елиминира бактеријата Хеликобактер пилори, која е главната причина за чир на желудникот. Сок од зелка треба да се пие 3 пати на ден, пред секој главен оброк.
  1. Го намалува воспалението во телото
    Овој зеленчук има силни антиинфламаторни ефекти, а обвивките од зелка често се препорачуваат за разни видови на болести. Зелката го отстранува гнојот од раните и ги дезинфицира, смирува изгореници, егзема и акни, го олеснува отокот, како и мигрена. Згора на тоа, ја ублажува депресијата и вознемиреноста, ја подобрува концентрацијата, а некои студии тврдат дека делува превентивно против ракот.

Совет плус:
Кога купувате бела или црвена зелка, изберете плодови на тврди и цврсто залепени лисја без дамки.