Една мртва, безимена жена е донесена во мртовечницата на докторката Мора Ајлс. Тоа е само уште едно тело сѐ до моментот кога докторката забележува дека трупот ги отвора очите. Жената воскреснува, сета исплашена и збунета и итно е префрлена во болница. Но, таа таму го убива работникот од обезбедувањето и зема заложници, од кои една е бремена, детективката Џејн Рицоли, која само што не се породила.
Мила, е црвенокоса девојка од Белорусија дојдена во Мексико. Измамена, таа е внесена во шема со проституција. Нејзината приказна е тажна и од ние кои ви го кршат срцето. Заедно со неколку други девојки донесена е во Америка каде што ја чуваат во куќа со решетки на прозорците. Нејзината судбина се лизга надолу, од миг во миг.
Додека напнатите часови изминуваат, доктор Ајлс заедно со сопругот на Џејн, агентот на ФБИ, Габриел Дин, се обидува да го открие идентитетот на убиецот. Овој случај е многу посложен од обичното заложништво, а Џејн е единствената која ги држи клучевите на мистеријата и е заробена со вооружена лудачка.
Сите овие три жени се заглавени во опасна ситуација. Но која е оваа насилна, очајна душа и што навистина сака таа може да откриете во овој несекојдневен, напнат, воодушевувачки трилер.