Мерилин Монро, родена како Норма Џин Мортенсон на 1 јуни 1926 – 5 август 1962 но крстена и одрасната како Норма Џин Бејкер е американска глумица, пејачка и модел. Откако минува голем дел од своето детство во згрижувачки семејства, Монро ја започнува својата кариера како модел, по што, во 1946 година, го склучува својот прв филмски договор.
Нејзината успешна кариера како модел, глумица, го достигнува врвот, но со тоа дааѓаат и последиците. Последните години од животот на Монро се обележани со болести, лични проблеми и репутација на несигурна личност, тешка за соработка.
На 5-ти август 1962 година, полицискиот наредник на полицијата на Лос Анџелес – Џек Клемонс, прима повик од д-р Ралф Гринсон, психијатарот на Монро, кој му кажува дека Монро е пронајдена мртва во нејзиниот дом во Брентвуд во Лос Анџелес, Калифорнија. На подоцнежната обдукција, во нејзиниот организам се пронајдени осуммилиграмски процент од хлорал хидрат и 4.5 милиграмски процент од Нембутал, а д-р Томас Ногучи од Иследничката канцеларија на Лос Анџелес ќе ја прибележи причината за смртта како „акутно труење со барбитурати“ како резултат на „веројатно самоубиство“.
Многу теории, вклучувајќи и убиство, кружеа по однос на околностите на нејзината смрт и временските околности по наоѓањето на нејзиното тело. Некои теории на заговор ги влучуваа и Џон и Роберт Кенеди, додека други сугерираа соучество на ЦИА или мафијата. Се вели дека последната личност која Монро ја побарала бил Претседателот.