Мобилните телефони можат да им наштетат на романтичните врски и да доведат до депресија. Кога вашиот партнер ве игнорира, за да се фокусира на паметниот телефон, тоа создава конфликт и доведува до намалување на задоволството од врската. Овие ниски нивоа на возвраќање водат до ниско ниво на задоволство од животот и, на крајот, до високи нивоа на депресија. Примери за игнорирање на партнерот се следниве (често прифаќани за невини) акции:
– Партнерот го поставува неговиот паметен телефон, така што тој го гледа и чепка цело време додека сте заедно
– Партнерот го држи телефонот во рака додека сте заедно
– Партнерот го разгледува неговиот телефон додека разговара со вас
– Ако има пауза во разговорот, вашиот партнер го проверува неговиот телефон