Љубовта е убава кога не бара ништо. Ако има услов, повеќе не е љубов. Секое инсистирање на ветување повеќе не е љубов, секое ограничување на изборот веќе не е љубов.
Ние луѓето научивме да живееме многу успешно без неа, без да сфатиме дека таа веќе не е со нас. И уште поуспешно учиме да нарекуваме илјадници работи по нејзино име. И да ја замениме љубовта со патувања, куќи, автомобили, перални, печки, пријателски компании, професии, амбиции, слава, секс. Со што се претвораме во зависни, неслободни и често тажно-смешни кловнови, живеејќи во имитацијата за љубовта. Пливаме во љубов и се давиме во лаги.
Бог ни испрати љубов за да не заборавиме какви големи души носиме. Но, не ни го одзеде изборот да бидеме мали. Овој избор е целосно наш. Лошото е што ние ги учиме и нашите деца на мали избори. Нема начин да научите некого нешто што вие самите не го знаете. Се надевам дека ќе ни простат.
„Животот во карпите“, Марија Лалева