ДОМАШЕН ПИЛИНГ ЗА УБАВА КОЖА НА РАЦЕТЕ

Пилинг со кафе и шеќер

Кафето помага во елиминирање на мртвите клетки на кожата и ја затегнува кожата. Одличен е како пилинг состојка за целото тело, вклучително и за лицето. За овој пилинг за раце можете да користите мелено кафе или талог од кафе.

Потребни ви се:
2 лажици кафе
1 лажица шеќер
маслиново масло или арганово масло

Ставете ги сите состојки во сад и мешајте се додека не добиете хомогена смеса. Ставете ја смесата на рацете, масирајте ги 2-3 минути, а потоа исплакнете со млака вода.