ПРИЧИНИ ЗОШТО ЖЕНИТЕ ЧУВСТВУВААТ БОЛКА ЗА ВРЕМЕ НА СЕКС

Проблеми со здравјето
Болките во текот на сексуалниот чин, но и по него, можат да бидат предизвикани од медицинска причина. Вагинитис или воспалението на вагината предизвикано од габични инфекции или сексуално преносливи болести е еден од најчестите причини.

Хормони
Можеби имате вагинална сувост која е предизвикана со пад на нивото на естроген поради стрес, лекови или менопауза. Естрогенот ја одржува влажноста на вагината и ја прави да биде влажна, па било какви флуктации поврзани со овој хормон можат да предизвикаат болки при сексуалниот чин.

Голем пенис
Големиот пенис не секогаш е добар избор. Некои жени имаат проблеми со прилагодување на големиот пенис, затоа што не им одговара. Обидете се со промена на позата…или партнерот.

Сексуални трауми
Жените чувствуваат болка за време на сексот поради претходно доживеана траума. Во некој случај, психолошката траума може да предизвика затегнување на сексуалните мускули кои се грчат за време на сексот, а оваа состојба се нарекува вагинизам.

Во тој случај, жените треба да се обратат на психијатар и да практикуваат посебен режим на вежби за опуштање на вагиналните мускули.