Не е невообичаено за холивудските ѕвезди да бидат во врска или брак со некој кој е десет, 15, па дури и повеќе години помлад или постар од нив. Еве ги најпознатите примери!
Лиза Бонет и Џејсон Момоа
Кога се ожени со Лиза Бонет, жена во која беше заљубен како дете и која е 12 години постара од него, Момоа рече дека „сè е можно“.
По неколку години врска се венчаа во 2017 година и имаат две деца.
Прајнка Чопра и Ник Џонс
Актерката се омажи за пејачот во 2018 година, а таа е 10 години постара од него. Ник ја запроси по само два месеци врска.
Блек Лајвли и Рајан Рејнолдс
Разликата меѓу нив е 11 години, но и покрај тоа, тие важат за еден од најхармоничните парови во Холивуд. Тие се венчаа во 2012 година, а неодамна го добија и третото дете.
Алек и Хиларија Болдвин
Алек има 61 година, а Хиларија Болдвин 35 години, поради што тие беа мета на разни озборувања кога ја започнаа својата врска во 2011 година. Сепак, тие не дозволија тоа да им биде пречка и се венчаа следната година и имаат четири деца.
Џеј Зи и Бијонсе
Тие важат за едни од највлијателните парови во светот на шоу-бизнисот, а разликата помеѓу раперот и пејачка е 12 години. Врската започна во 2001 година, иако тие ја признаа три години подоцна. Се венчаа во 2008 година и имаат три деца заедно.
Метју Меконахи и Камила Алвес
Двајцата се обидуваат да ја одржат својата врска што подалеку од очите на јавноста, но се чини дека работат одлично, и покрај разликата од 13 години. Тие се запознале во 2006 година, се венчале во 2012 година и имаат три деца заедно.
Харисон Форд и Калиста Фолкхарт
Харисон и Калиста се во брак од 2010 година, а разликата во годините меѓу двајцата е 22 години. Актерката еднаш рече дека не и пречи ни најмалку и дека „често заборава дека е 22 години постар“ и дека „воопшто „не влијае на нивната врска“.
Роузи Хантингтон-Вајтли и Џејсон Стејтам
Манекенката е помлада две децении од актерот, а заедно се од 2010 година. Тие се верија во 2016 година, а една година подоцна добија и син.