Лутината е негативна емоција која е подобро да биде потисната или контролирана. Но, некои од хороскопските знаци дефинитивно имаат проблем да ја контролираат и подобро е да не ги предизвикувате.
Овен
Овенот тешко го контролира својот гнев. Буквално излегува од контрола кога другите не се согласуваат со него. Ова може да го исфрли од рамнотежа затоа што е навикнат да живее со мислата дека е супериорен во однос на другите и дека е секогаш во право.
Бик
Бикот изгледа смирено и стабилно. Но, ова е само очигледно. Не ги толкувајте овие квалитети како слабост.
Претставниците на овој знак акумулираат незадоволство и во еден момент само избувнуваат. Тогаш е подобро да се биде далеку од нив. Подобро пазете се од гневот на Бикот.
Рак
Ако го налутите Ракот, не очекувајте да си поминете лесно. Претставниците на овој знак понекогаш знаат да бидат многу агресивни на зборови искажани со висок тон а понекогаш со рамен тон да ве гледаат во очи и тивко иронично да ви префрлаат за сите ваши грешки од минатото до моментот кога сте ги налутиле. После ова нивно истурање на гневот претставниците на овој знак се расплакуваат. Раковите не можат да живеат со мислата дека другите не ги ценат или ги изиграле.
Девица
Девицата е премногу практична за да си дозволи да го демонстрира својот гнев во јавноста со глупав емотивен излив. Таа не би дозволила да се прикажува во такво светло. Но, тоа не треба да ве залажува.
Девицата нема да ве нападне директно. Но, нејзиниот гнев ќе се трансформира во бескомпромисно мислење за вас. И тешко дека некогаш ќе се откаже од својата идеја да ве критикува.
Скорпија
Скорпијата длабоко прифаќа каква било навреда и непочитување на нејзината личност. Претставниците на овој знак не сакаат другите да ги игнорираат и да прават да се чувствуваат безначајно.
Првиот пат, тие ќе ви го простат предавството. Но, тие никогаш нема да го заборават, и ако некогаш ги допрете, бесот ќе се крене толку брзо и тие дури и нема да знаат што точно се случило. Скорпиите знаат како да го „погодат“ вашето слабо место.